Овче Поле е регион кој воодушевува со природните ресурси и културното наследство и предизвикува со економскиот потенцијал со кој што располага. Промоцијата на значењето на Овчеполието во изминатата деценија се одвиваше преку книги, научни истражувања, медиумски промоции и културни настани. Откако во 2020 година беа објавени кратките документарни филмови „Овчеполско оро“ и „Свети Николе – […]
Author: admin
Овчеполските цркви (видео)
ОВЧЕПОЛСКИТЕ ЦРКВИ
Бабини деветини – книга прва
Записите на собирачите на народни умотворби од Македонија кои работеле во 19 и почетокот на 20 век во изминатите децении беа преобјавени во повеќе наврати, со преводи на современ македонски јазик или на современ македонски правопис со зачуваната убавина на дијалектите на кои биле напишани. Собирањето на легенди, митови, преданија, адети, но и потрагата по […]
ЗБОРНИК ЗА ОВЧЕ ПОЛЕ: Кнежје
КНЕЖЈЕ Селото се наоѓа на 3,5 километри оддалеченост од Свети Николе, во долината на Кнежевска Река, на нејзината лева падина, која се протега кон југоисток. Покрај селото, на спротивната падина се наоѓа возвишението Градиште. Во народот се зборува дека на споменатото Градиште “седел некој кнез”. По него и селото го добило името. Потоа селаните кажуваат […]
Краток документарен филм за единствениот град со име на светец во Република Македонија – Свети Николе. Објавен во чест на празникот на Свети Николај Чудотворец минатата година, насловен според истоимената книга, објавена пред три години. Во овој краток документарен филм можат да се видат кадри снимени од дрон, на кои се гледа местоположбата на главната […]
ОВЧЕПОЛСКИ ПРИКАЗНИ е книга која беше објавена минатата година и содржи 12 приказни за деца и возрасни 🙂 Година 1991. Место – Овче Поле. Двајца дедовци, едниот учител и историчар, а другиот новинар и правник, пријатели уште од пред да се осватат, ги живеат пензионерските денови обидувајќи се да поминат што е можно повеќе време […]
Што (не)знаеме за Овче Поле 1
Во Овче Поле се наоѓа единствениот град со име на светец во Република Македонија – Свети Николе. До 1945 година официјалното име на населбата било Свети Никола…
Од Елаборатот на Екипата за проучување на Светиниколска околија од 1949, кој се однесува на образованието, писменоста и културата во околијата, ни се потврдуваат информациите за првата театарска пиеса во нашиот град. При крајот на 19 век, учителот Димо од Ново Село, кој предавал во Немањици, учителката Нада од Скопје и учителот Христифор од Свети […]
Еден разговор од редакцијата на Ложа Тајните друштва и организации се јавни, а имаат тајни ритуали (од коишто повеќето се објавени, но книгите се дебели за да ги читате). Она што е навистина тајно е работата на партиските комитети, таму се случиле многу обиди за решавање на човечки судбини. Не за џабе во „старо време“ […]
Окултниот Балкан помеѓу двете светски војни
Во периодот помеѓу двете светски војни, интересот за окултизам не просторите каде што се наоѓаше поранешната држава Југославија, бил оддржуван од активностите на тогашните масони, антропозофи, теозофи и спиритуалисти. Интересно е да се забележи присуството на припадници од народот Калмик, етничка група од Централна Азија, дел од чии припадници се населиле во Србија во 1920 […]