Categories
НР

Окултниот Балкан помеѓу двете светски војни

Во периодот помеѓу двете светски војни, интересот за окултизам не просторите каде што се наоѓаше поранешната држава Југославија, бил оддржуван од активностите на тогашните масони, антропозофи, теозофи и спиритуалисти. Интересно е да се забележи присуството на припадници од народот Калмик, етничка група од Централна Азија, дел од чии припадници се населиле во Србија во 1920 година, бегајќи од комунистичка Русија. Истите го основале првиот Будистички (Varjayana) храм во Европа, 1929 година во Белград. Големиот мистик Николај Рерих им испратил тхангка – тангка, танка, т’нка – од неговиот Хималајски институт. Многу од познатите окултисти на светот во овој период поминувале на Балканот, постојат податоци дека дури и Џулио / Јулиј Евола доаѓал токму во овој храм во потрага по древни знаења. Постојат и информации дека во овој регион бил активен и Редот на Поларните / Order of the Polaires, чии групи „дејствувале и во Женева, Њу Јорк и Белград“, сите под директно раководство на Марио Филе, кој никогаш не признал за нивната работа на Балканот. Во нивниот Bulletin des Polaires од 1930 година, „Поларните се нарекуваат така поради тоа што од секогаш Светата Планина, симболичната локација на Древните центри за Иницијација од сите древни традиции биле определувана дека се наоѓа на север. Најверојатно некогаш одамна оваа планина навистина била поларна, во географска смисла на зборот, затоа што секаде се пишува дека Борејската или Примордијална Традиција, изворот на сите Традиции, првично се наоѓала во Хиперборејскиот регион“. Жан Брикауд / Jean Bricaud, патријархот на Универзалната гностичка црква, главен на Редот на Мартинистите, дел од француското ОТО и Голем Мајстор на Мемфис Мизраим, оставил податок за основање на ложа „Вардар“ во Скопје, во 1936та година…