Биографија / Biography

Никола Ристевски е роден во 1985 година во Свети Николе. Основното образование го завршува во ОУ „Кирил и Методиј“ како дел од првата генерација првоодделенци во независна и суверена Република Македонија, а средното гимназиско во УСО „Кочо Рацин“ во 2003 година, и двете во Свети Николе. Со високо образование се стекнува во 2007 година на „Икономически Университет – Варна“ во Бугарија. Има работно искуство во Македонија, Бугарија, Италија, Франција и САД. Од 2014 година е редовен член на меѓународната научна организација Super Brain Research Group, која го истражува влијанието на светите места врз човечкиот мозок. Скоро една деценија активно ги истражува природните ресурси и културното наследство на Овчеполието и Македонија, а по истражувањата во 2014 година, со SBRG во меѓународната научна литература објавуваат три научни трудови за методите и начинот на работа, користената опрема и добиените резултати од архео-акустичните и архео-астрономските истражувања во Овче Поле. Во изминатите седум години го има претставено Овчеполието преку повеќе појавувања во телевизиски емисии и прилози, објавени книги и истражувања, десетици радиоемисии и многу текстови кои се објавени на неколку интернет страници. Последипломските студии ги завршува во 2017 година на „Меѓународен Славјански Универзитет Г. Р. Державин“ во Свети Николе. Магистерската теза со наслов „Управување и маркетинг на туристичкиот потенцијал во Овчеполската Котлина“ е првиот научен труд во 21 век, во кој се обработуваат начините за управување и маркетинг на огромниот туристички потенцијал во Овчеполието. Oд 2016 до 2021 е автор, уредник и издавач на повеќе изданија – зборници, книги и збирки. Во последните неколку години работи и на видео претставување на Овчеполскиот регион и Република Македонија. 

Печатени изданија:
Имагинариум (2016),
Зборник за Овче Поле – книга прва (2017),
Зборник за Овче Поле – книга втора (2017),
Зборник за Кратово – книга прва (2018),
Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина (2018),
За Овчеполските работи (2018),
Зборник за Овче Поле – книга трета (2020),
Овчеполски приказни (2020),
Зборник за Овче Поле – книга четврта (2020),
Зборник за Свети Николе (2020),
Зборник за Овче Поле – книга петта (2021).

Наука:
„Управување и маркетинг на туристичкиот потенцијал во Овчеполската Котлина“, магистерски труд, Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин, Свети Николе (2017);
„Archaeoacoustic analysis of Kanda Hill in Macedonia – Study of the peculiar EM phenomena and audio frequency vibrations“, scientific asisstant, SB Research Group (2015);
„Економски теории“, издание на Меѓународен Центар за Славјанска Просвета, превод од бугарски на македонски јазик, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ (2018);
„Основи на логистиката и дистрибуцијата“, издание на Меѓународен Центар за Славјанска Просвета, превод од бугарски на македонски јазик, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ (2019);
„Трансформација на системот на економски интереси на индивидуата во контекст на современиот социо-економски развој“, превод од бугарски на македонски јазик, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ (2020)

Видео:
„Ансамбл Македонија – Овчеполско оро“, Продукција „Аристон“ (2020)
„Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина“, Продукција „Аристон“ (2020)

Радио емисии:
„Древното Овче Поле во новото време“, серијал од 12 епизоди посветени на културното наследство и природните ресурси на Овчеполието;
„Волшебна Македонија“, серијал од 10 епизоди посветени на древниот бит и мит на Македонија;
„Имагинариум“, серијал од 10 епизоди според истоимената книга. Емитувани на Радио Свети Николе во 2017 година.

Дигитални изданија:
Ѕе гледа сè (2016),
Luminous Neutrino (2016),
Зборниче (2016),
Новинарски записи за Овче Поле и Свети Николе (2017), Archaeoacoustics and Archaeoastronomy at Kanda geoglyph in Ovche Pole (2017),
Спомени за револуционерната дејност во Овчеполието (2018).

магистер по економски науки, собирач на народни умотворби, публицист, продуцент и писател

Интернет страници:
ЛОЗА, автор и уредник (2012 – 2015)
ОВЧЕ ПОЛЕ, автор и уредник (2013 – 2021)

Културни настани:
„Културна метаморфоза 1“, Свети Николе (мај 2011)
„Културна метаморфоза 2“, Свети Николе (декември 2011)
„Sveti Nikole ReBorn“, Свети Николе (август 2014)
„Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина“, Свети Николе (јануари 2019)

Јавни настапи:
„Тајните на Овчеполскиот геоглиф“ @ Body, Mind and Spirit Festival, Кино Култура, Скопје (ноември 2016)
„По трагите на Александар“ @ Општинска сала, Свети Николе (февруари 2018)

ТВ:
„Талкачи“, Македонска Радио Телевизија (септември 2011)
„Гласот на народот“, Македонска Радио Телевизија (декември 2011)
„Македониум“, Тв Сонце (јули 2014)
„Македониум“, Тв Сонце (јули 2016)
„Ја сакам Македонија“, Тв Сител (октомври, ноември, декември 2016)
„Вју“, БлаБла Тв (декември 2016)
„Македониум“, Тв Сонце (јануари 2017)
„Македонија – мајка на светот“, Тв Сонце (март 2017)
„Македонија наутро“, Македонска Радио Телевизија (декември 2017)
„Македонија наутро“, Македонска Радио Телевизија (јануари 2018)
„Добро утро, секое утро“, Тв Алфа (ноември 2019)
„Јади бурек“, Тв Сонце (ноември 2019)
„Јади бурек“, Тв Сонце (февруари 2020)
„Неделен магазин“, Македонска Радио Телевизија (август 2020)
„Ја сакам Македонија“, Тв Сител (август 2020)
„Јади бурек“, Тв Сонце (октомври 2020)
„Неделен магазин“, Македонска Радио Телевизија (ноември 2020)

Весници:

Радио:

ЗА ОВЧЕПОЛСКИТЕ РАБОТИ 2021