Македонското знаме и овчеполската вута
Во Гласникот на Етнолошкиот музеј во Скопје од 1962 година е содржан текстот „Скутината како составен дел од машката носија во Македонија“ од Аница Петрушева. Од написот можат да се научат многу полезни информации за нашета културно наследство, но и да се прочита една стара заборавена легенда. Според текстот од пред 60 години, тогаш во Овчеполието се паметела некаква стара легенда за македонското знаме, кое било црно – бело со алови шарки…
Легендата за тоа старо знаме се паметела и во околината на реката Бабуна. Колку и да звучи неверојатно, а според авторот на текстот и несоодветно со официјалното читање на историјата, сепак споменот за некакво си „црно – бело знаме со алови шарки“ од времето на Фалангата претставува значаен белег во традицијата која уште се негува во Овче Поле.
Повеќе легенди, преданија и митови – Записот на Марко Цепенков за Прохор Пчински, легендите за бакарното гумно, прочуеното „Очи твои на длан мој“ прогледување на Стефан Дечански откако Свети Никола му го вратил видот и други легенди можете да прочитате во петте изданија од едицијата „Зборник за Овче Поле“.