Categories
НР

Кога Румена војвода доаѓала на жетва во Овче Поле

Сега не е како што беше едно време.кога цели чети се симнуваа од ридовите, се братимеа, се биеја, се судираа со турските чети. Во тоа време стануваа цели соборишта од чети. Секоја чета си имаше војвода, по него бајрактар, а ако е поголема си имаше и чауши, сите се потчинуваа на војводата, а при делбата на каквќча и да е добивка си делеа рамномерно. Се облекувале и преранувале по колибите, а селаните кои живееле во планинските колиби имале задача да им доставуваат и барут и куршуми…

„Што знаеш бабо за Румена?“

„Што да ти кажам, синко! Беше си добра домакинка, ама ја дигнаа самовилите по своите оралишта виролишта, та излезна војвода да војводува!“

Румена беше од селото Ѓуешево под Сака Баштица и Деве Баир во Ќустендилска Каменица. Дедо и Павле и татко и Георги седеле на кулата на Деве баир како дервенџии. Мајка и се викала Милица, а другиот дедо Китан. Уште од мала Румена се одликувала со буен и жив карактер, била највесела, најубаво играла оро и најдобро пеела со убавиот си, висок и ѕвонлив глас. И турско и каурско и завидувале. Кога ќе запеела, според нејзините современици, жетварите и жетварките ги оставале срповите и престанувале да жнеат, за да ја слушаат песната на Румена. Пеела „сејменски“, „арамиски“ песни. Омилена и била „Де се е чуло видело, мома војвода да биде, на седумдесе јунаци, со седумдесе маздраци…“. На играње оро не можела да најде соперник. Уште како моме, еднаш вртела танец 24 часа, без да се отпушти од орото на Раненскиот собор во Каменица. Сеуште во нашите краишта, ако некоја мома врти буен танец, народот вели – тоа е Румена. Длабоко во гората вечно стои нејзиниот Руменин камен. Уште како мома, турците се обидувале да ја потурчат и ја грабале. Заради едно нејзино грабање, еден кајмакам бил префрлен од Ќустендил во Скопје. „Такви работи синко ја накараа Румена да излезе војвода“. Највпечатлива за сите била умешноста на Румена да стрела со пушка. Во време турско, секоја година во време на жетва одеа моми од каменица чак до Овче Поле за работа. Најчесто момите имаа еден водач, кој се нарекуваше крамарин. Така и Румена одела на работа во Овчеполските села. Еднаш, на една жетва, сејмени ставиле на нишан едно јајце и се ределе да го погодат со пушките, но никој не можел да го удари јајцето. Румена им зела една пушка, јајцето се распрснало како од молња. Булукбашијата и рекол „Од тебе моме, куќа и дом не може да биде!“. Румена беше тенка, висока…

Ефрем Каранов – Румена војвода

превод на македонски: Н.Р.