Во „Порта Македонија“ во центарот на Скопје на 17 јуни се одржа промоција на соработката помеѓу Ансамбл „Македонија“ и Продукција „Аристон“.

Гостите кои беа во ограничен број поради сè уште активните протоколи имаа прилика да присуствуваат на проекција на краткиот документарен филм „Овчеполско оро“.

На настанот беа прикажани и работни фотографии од снимањето во дворот на црквата Свети Никола во Свети Николе.


Пред присутните говореа проф. д-р Владимир Јаневски од Ансамбл „Македонија“ и м-р Никола Ристевски од Продукција „Аристон“.


„Овчеполско оро“ е краток документарен филм снимен во 2020 година.
фото & видео: Дуле Јанев
