Овче Поле е регион кој воодушевува со природните ресурси и културното наследство и предизвикува со економскиот потенцијал со кој што располага. Промоцијата на значењето на Овчеполието во изминатата деценија се одвиваше преку книги, научни истражувања, медиумски промоции и културни настани.
Откако во 2020 година беа објавени кратките документарни филмови „Овчеполско оро“ и „Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина“, во почетокот на 2021 година Свети Николе и Овче Поле веќе добиваат нови промотивни видеа. На YouTube се објавени првите епизоди од новата документарна серија за Овче Поле, насловена како „За Овчеполските работи“. Со кратките документарни филмови, Овче Поле за прв пат добива соодветна видео промоција преку претставување и прикажување на природните ресурси, културното наследство и економскиот потенцијал на Овчеполскиот регион. Големата и плодородна Овчеполска Котлина е инспирација за работата на Продукција „Аристон“, а серијата која се објавува на интернет претставува најава за долгометражниот документарен филм за Овчеполието.
ГРАДИШТЕТО КАЈ СЕЛОТО КНЕЖЈЕ краток документарен филм
ЃУРИШТЕ – краток документарен филм
ОВЧЕПОЛСКИОТ ГЕОГЛИФ – краток документарен филм
ОВЧЕ ПОЛЕ – краток документарен филм