Categories
иМАГиНАРиУМ

Многу лага и измама vs. троа вистина

Многу лага и измама vs. троа вистина

Уште ли ќе се лажеме? Прво самите себе, а потоа и другите (во, и) околу нас. Дали воопшто се погледнуваме во огледалото наутро, и што ни е утро, секој си знае за себе. А на сликата од одразот во огледалото и треба троа време за да биде видена од нашите две очи. Двете очи кои се лажат самите себе, па штом се огледало на душата, значи нешто овде ја лаже душата? Телото, такво какво што е – распадливо, минливо и краткорочно, е притворено во сетилата. Притворено, не затворено, затоа што и покрај петте сетила, постои нешто кое што на човечкиот разум му овозможува да ѕирне отаде превезот на илузијата на материјалниот свет. Голема е веројатноста дека екстрасензорната перцепија и проблесоците во кои информацијата непречено со молскавична брзина преминува од најдлабоките несвесни делови на нашиот ум до ограничената свест со која што мислиме дека ја поимаме реалноста, некако е поврзана со душата. Па така, равенката покажува дека всушност сме свесни дека сме притворени во корпус херметикум, а притворот продолжува до крајот на постоењето на физичкото тело ако умот упорно се труди да ја прелаже душата, а разумот не верува на сопствените две очи затоа што сликата му се чини голема, па затоа се плаши да си признае дека има и трето. Освен тоа, постои и четврто – око на душата, кое не се отвара доколку умот се обидува лукаво да си игра со неа. А на сликата и треба време за да на нас ни текне дека ја гледаме. Време за светлината да се одбие од објектот кој го гледаме и сенката да ни се претстави како слика. Затоа лагата на умот никогаш нема да ја прелаже душата, бидејќи преку неа се гледа вистината на постоењето во и околу нас, колку и грубо да е одбивањето на светлината од луѓето и околината…

Н.Р.

2015

Leave a Reply