Во четврток, на 17 јуни 2021, во Порта „Македонија“ ќе се одржи промоција на краткиот документарен филм „Овчеполско оро“. Видео записот е снимен со цел да се зачува споменот за народните ора и народните носии од Овчеполскиот регион.
Претставувањето и прикажувањето на соработката на Ансамбл „Македонија“ и Продукција „Аристон“ ќе започне од 18:00ч во Порта „Македонија“ во Скопје.
На настанот ќе говорат проф. д-р Владимир Јаневски и м-р Никола Ристевски.
Поради работа со намален капацитет, настанот се одржува според официјалните протоколи, а бројот на присутни е ограничен.
#АнсамблМакедонија
#ПродукцијаАристон
#ПортаМакедонија
#ОвчеполскоОро