Books / Книги

Книги од Никола Ристевски

ИМАГИНАРИУМ

Собрани текстови пишувани од 2011 до 2016 под различни псевдоними. Книгата е поделена на четири делови според опфатената содржина. Предговор од Домагој Николиќ, рецензија од Александар Станковски, поговор од Велимир Абрамовиќ и коментар од Стојчо Керев.

„Имагинариум“, 2016 година, ISBN 978-608-4689-21-8.

ЗБОРНИК ЗА ОВЧЕ ПОЛЕ
книга прва

Зборник за Овче Поле – книга прва им овозможува на читателите преку три поглавја со различен вид на содржина да се запознаат со големата Овчеполска котлина. Првата глава содржи историски текстови од Лазар Серафимов, втората исечоци од новинарски написи од Ристо Гонев, а во третата глава од книгата има записи од Никола Ристевски. Оваа книга е прв Зборник за Овчеполието од ваков вид од кој јавноста може да дознае многу податоци и информации за кои ретко се зборувало досега.

„Зборник за Овче Поле – книга прва“, 2017 година,
ISBN 978-608-66148-0-5.

ЗБОРНИК ЗА ОВЧЕ ПОЛЕ
книга втора

Зборник за Овче Поле – книга втора содржи автентични фототипи од извори на литература во кои се споменува големото Овчеполие, пишувани на неколку јазици. 32 наслови на над 200 страници со податоци, факти и информации за Овчеполската Котлина. Од патеписите на Евлија Челеби и Јеротие Рачанин, преку бугарските и српските книги од крајот на 19 и почетокот на 20 век во кои се споменува Овче Поле, до избор од научните трудови на Јован Трифуноски, со овој Зборник можете да се запознаете со древниот Овчеполскиот регион директно преку страниците на старите книги.

„Зборник за Овче Поле – книга втора“, 2017 година,
ISBN 978-608-66148-1-2.

ЗБОРНИК ЗА КРАТОВО
книга прва

Зборник за Кратово – книга прва е прв зборник за Кратово од ваков вид кој е објавен во Република Македонија. Во оваа книга се собрани патеписи, песни, приказни, легенди и преданија, научни трудови, истражувања, делови од книги, пропагандни написи, исечоци од весници и фототипни страници од книги на бугарски и српски јазик во кои се споменуваат Кратово и неговата околина. Книгата започнува со делови од патеписите на Евлија Челебија и Ами Буе, а содржи записи од Ефрем Каранов, Стеван Симиќ, Јордан Иванов, Јован Цвијиќ, Павел Шатев и други автори. Зборник за Кратово – книга прва завршува со пророштвата на старците од Кратово, кои исто така за прв пат се појавуваат во јавноста како дел од печатено издание.

„Зборник за Кратово – книга прва“, 2018 година,
ISBN 978-608-66148-2-9.

СВЕТИ НИКОЛЕ
Главната населба во Овчеполската Котлина

Со оваа книга се претставува и прикажува Свети Николе, гратче кое се наоѓа врз старата населба Свети Никола (Клисели), под чиј слој со сигурност постојат остатоци од постари населби, дури и од претходни цивилизации. Географската поставеност на населбата околу црквата Свети Никола во средишниот дел на Овчеполската Котлина, која се наоѓа точно во центарот на целиот полуостров, заедно со климатските услови, културното наследство и природните ресурси на регионот, му овозможуваат потенцијал за иден економски и еколошки развој, во насока која ќе го задржи како главна населба на Овчеполската Котлина, но и ќе го прошири влијанието на овој град врз целиот Овчеполски регион, кој има свои засебни природни и културни карактеристики. Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина е книга која на читателите им овозможува да се запознаат со значењето на единствениот град со име на светец во Република Македонија и плодородниот Овчеполски регион.

„Свети Николе – главната населба во Овчеполската Котлина“, 2018 година, ISBN 978-608-66148-3-6.

ЗА ОВЧЕПОЛСКИТЕ РАБОТИ

Оваа книга претставува скромен обид за претставување и прикажување на Овче Поле – регионот со посебни културни и природни карактеристики познат и како Овчеполие, Овчо Поле, кој се наоѓа во „тектонската тонатина“, односно Овчеполската Котлина. Користената литература за подготовка на книгата е уредно одбележана на крајот од книгата. Во ова издание можете да прочитате многу преводи на стари текстови и написи за Овче Поле, но и авторски текстови за големиот Овчеполски регион.

„За Овчеполските работи“, 2018 година,
ISBN 978-608-66148-4-3.

ЗБОРНИК ЗА ОВЧЕ ПОЛЕ
книга трета

Зборник за Овче Поле – книга трета е третиот дел од едицијата Зборници за Овче Поле. Во оваа книга можете да прочитате извадоци од стари книги за минатото на Овчеполието, собрани текстови за Говедар камен и Бакарно гумно, извадоци од стари книги за Овче Поле, написи за легендата за „прогледувањето на Стефан Дечански во Овче Поле – Очи твои на длан мој“ и стари народни песни и обичаи од Овчеполието. Третото издание од едицијата Зборник за Овче Поле содржи текстови на македонски, бугарски, српски, руски, германски и англиски јазик.

„Зборник за Овче Поле – книга трета“, 2020 година,
ISBN 978-608-66148-5-0

ЗБОРНИК ЗА ОВЧЕ ПОЛЕ
книга четврта

Зборник за Овче Поле – книга четврта претставува Зборник со собрани текстови, новинарски записи и фототипи од научни трудови за Овчеполието, голем дел од кои се веќе заборавени од јавноста, а не можат да се најдат ниту во библиотеките на официјалните институции во Свети Николе. Со овој Зборник, четврти по ред од едицијата за Овче Поле, го претставувам културното наследство на мојот роден крај и непроценливата вредност на локалитетите од древното минато во Овчеполскиот регион. Се надевам дека со овие податоци ќе поттикнам научни истражувања соодветни на векот во кој што живееме, но и современа конзервација и реставрација на веќе пронајдените археолошки локалитети. Нека овој Зборник биде спомен за сите кои го проучувале културното наследство на Овчеполието во минатиот век.

„Зборник за Овче Поле – книга четврта“, 2020 година,
ISBN 978-608-66148-6-7

ОВЧЕПОЛСКИ ПРИКАЗНИ

Година 1991. Место – Овче Поле. Двајца дедовци, едниот учител и историчар, а другиот новинар и правник, пријатели уште од пред да се осватат, ги живеат пензионерските денови обидувајќи се да поминат што е можно повеќе време со нивниот внук. Детето е на шестгодишна возраст, веќе го имаат научено да чита и пишува на кирилица и на латиница, и е љубопитно за муабетите на старите. Претпоставува дека дедовците кријат некаква тајна, а тие му раскажуваат приказни со различна содржина….

„Овчеполски приказни“, 2020 година,
ISBN 978-608-66148-7-4

ЗБОРНИК ЗА СВЕТИ НИКОЛЕ

Во овој Зборник за прв пат на едно место се собрани најважните написи за Свети Николе, пренесени во оригинална форма преку фототипи со што преку ова издание се претставува запишанот наследство за единствениот град со име на светец во Република Македонија. Во „Зборник за Свети Николе“ можете да читате:

Фототипни извадоци од стари книги, весници и списанија во кои се пишувало за Свети Николе
Првиот научен текст за Свети Николе од 1936 година, напишан од Мане Чучков
Опис на Свети Николе од Елаборатот на Екипата за проучување на Светиниколска околија од 1949/50 година
Првиот научен труд за Свети Николе по Втората светска војна, напишан од Јован Трифуноски
Собрани написи за Свети Николе од неколку стари книги и научни списанија од втората половина на минатиот век
Одбрани текстови за Свети Николе, напишани од неколку автори кои потекнуваат од Свети Николе
Прилози: Исечоци од весниците „Нова Македонија“ и „Овчеполски глас“, Фототипи од „Службен весник“, фотографии и др.

„Зборник за Свети Николе“, 2020 година,
ISBN 978-608-66148-8-1

СВЕТИ НИКОЛЕ
главное поселение Овчепольской котловины

Прва книга за Свети Николе на руски јазик, превод – Костадин Голаков.

…на другом конце города, в старой «раетской махалле», известны старые подземные ходы, которые были обнаружены, «когда старики дома строили». По словам старожилов, под нынешним городом существует сеть подземных туннелей, соединяющих ключевые точки с подземными помещениями и «большим подземным путем», который, согласно многим преданиям этого края Македонии, вел через Овче-Поле в долину крупной реки Вардар, носившей раньше также название Великая. Обработанный камень, такой же или частично похожий на камень, послуживший материалом археологического памятника в Кнежье, встречается в оформлении многих домов и дворов в этом квартале, вокруг холма и креста Святого Спаса в районе Лиска. Давние свидетельства о «красных кирпичах» в «американской махалле» и находках в центре сегодняшнего Свети-Николе и в районе Рудина служат подтверждением того, что сегодняшний Свети-Николе – это гораздо более древнее поселение, восходящее своими корнями к античным временам: оно сохранялось в течение всего раннехристианского периода и начала средних веков, вплоть до времени, к которому принадлежит известная нам запись «Метох Святого Николы и Южиново». Церковь в честь Святого Стефана, расположенная на городском кладбище, также выстроена на фундаменте более старой церкви. Каменные кресты Святого Илии и Святого Спаса в самом городе подтверждают давность многих культов и свидетельствуют о том, что под ними находятся остатки древних церквей. Район Югово – это место, где располагалось упомянутое Южиново, принадлежавшее к земельным владениям церкви Святого Николая XIV века. Фундаменты старых построек, участки водопровода и другие находки, сделанные во время строительных работ в районах Долни-Башчи и Рудина, подтверждают: весьма вероятно, что поселение на месте нынешнего Свети-Николе восходит к периоду задолго до средневековья – еще к античности…

ISBN 978-608-468-967-6

ЗБОРНИК ЗА ОВЧЕ ПОЛЕ
книга петта

Зборник за Овче Поле – книга петта претставува Зборник со собрани фототипи од стари книги, елаборати, фотографии, неколку постари написи и авторски текстови oд уредникот за големото и плодородно Овчеполие. Со овој Зборник, петти по ред од едицијата за Овче Поле, ги претставувам минатото на мојот роден крај, продолжителноста на населбите кои постоеле и уште постојат во Овчеполската Котлина, описменувањето на населението по втората светска војна, потребните количини на вода за селата во Овче Поле кои биле пресметани пред 70 години, стари легенди од Овчеполскиот регион, дополнети со избор на стари фотографии. Во петтото издание од едицијата „Зборник за Овче Поле“ можете да прочитате ретко достапни страници од Елаборатите кои биле подготвувани пред 70 години од екипите за проучување на Светиниколската околија, избор од неколку стари записи на српски, бугарски, руски и македонски јазик, извадоци од Службен весник од средината на минатиот век и да разгледате ретки стари фотографии од Свети Николе и Овче Поле.

„Зборник за Овче Поле – книга петта“, 2020 година,
ISBN 978-608-66148-9-8