Categories
иМАГиНАРиУМ

ЗБОРНИК ЗА СВЕТИ НИКОЛЕ: Првата театарска пиеса во Свети Николе – 19 век

Од Елаборатот на Екипата за проучување на Светиниколска околија од 1949, кој се однесува на образованието, писменоста и културата во околијата, ни се потврдуваат информациите за првата театарска пиеса во нашиот град. При крајот на 19 век, учителот Димо од Ново Село, кој предавал во Немањици, учителката Нада од Скопје и учителот Христифор од Свети Николе ја организирале првата театарска пиеса која се одржала во подрумот на училиштето кое се наоѓало веднаш до градската црква.

од ЗБОРНИК ЗА СВЕТИ НИКОЛЕ