Categories
НР

Туристичкиот потенцијал на Општина Свети Николе

ТУРИСТИЧКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА
ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ

Општина Свети Николе располага со потенцијал за следните видови туризам – селски, односно рурален туризам, рекреативен туризам, културен туризам, екотуризам, здравствен туризам, археолошки туризам, агротуризам, еколошки туризам, чијшто развој може да допринесе до иден одржлив туризам. Намалувањето на бројот на населението во последните децении, причинето поради сѐ почестите иселувања, допринесе да се испразнат селата, а и да се намалат условите за многубројни вработувања. Но, развојот на научните дисциплини маркетинг и менаџмент, покажуваат и докажуваат дека и во вакви региони може да се развие економијата, нормално доколку им се пристапи на начин кој е соодветен на векот во кој живееме. Археолошките локалитети, религиозните храмови, старите куќи, овчеполските чешми, природните реткости и прекрасните пејсажи, заедно со условите за органско земјоделие, зачувување на природната средина и развој на општеството како целина, се одличен почеток за нова ера во развојот на Општина Свети Николе – во која ќе бидат поврзани најновите достигнувања на науката и културата на домашното население.

Општина Свети Николе ги има сите потребни услови за развој на туризмот, а за истите да се стават во употреба, за почеток треба да се дефинираат потенцијалните туристички локации, кои ги нема во официјалните понуди и претставувања од институциите. За нивно употребување како туристички ресурс, истите прво треба да се стават во еден општ список, односно база со податоци, каде ќе бидат вклучени податоци за сите литературни извори, сведоштва и материјални факти и документи за истите. Откако ќе се направи увид на местата кои во нивната сегашна состојба можат да се вклучат во туристички рути – патеки, на областите каде има услови за обележување на планинарски патеки, дури и трасирање на велосипедски патеки и на сегментите од економијата на кои треба првично да им се обрне внимание, треба да се создаде туристичко биро или центар, преку коешто ќе се работи на идниот развој на туризмот во општината и регионот. Во нивната сегашна состојба, напуштени, разрушени и раселени, многу овчеполски села можат да бидат употребени како локации за изградба на самоодржливи еколошки туристички капацитети, по урнек на традиционалната македонска архитектура од овие краишта. Затоа што природните ресурси – големите количества на жива вода под почвата, огромниот број на сончеви часови и силните ветрови кои дуваат од четири страни, заедно со плодородноста која ја има Овчеполската Котлина, ја прави регион кој може убаво да живее преку развој на екологијата, органското производство и туризмот.

Побарувачката за можности за посета на дестинации кои не се посетувани од многу туристи и најчесто ја имаат зачувано својата културна автохтоност, уникатна традиција и овозможуваат увид во природните ресурси и културното наследство, расте правопропорционално со зголемувањето на искуството на туристите.

Општина Свети Николе располага со доволно ресурси за  привлекување на многу поголем број на туристи од постоечкиот, преку активно вклучување на институциите и заедниците со цел развој на одржлив и еколошки туризам. Културното наследство и природните ресурси со коишто располага целата држава, а и во овој регион се зачувани преку многу повеќе усни преданија и живи традиции, дополнети со многуте видливи археолошки локалитети, споменици коишто претставуваат културно наследство, живиот бит и мит на македонската култура, заедно со архитектонскиот континуиутет и живеење на луѓе на овие простори, сѐ и повеќе од доволни за да се употребат како туристички ресурси кои можат да го раздвижат регионот. Многубројните митови, легенди и преданија, како и извори од стари книги чекаат на достојно претставување и прикажување не само преку најмодерниот медиум – интернетот, туку и во публикации, списанија, брошури и книги. Релативно малата оддалеченост на Кумановскиот, Кратовскиот, Штипскиот, Велешкиот и неколку други региони од Општина Свети Николе ја прават центар на идниот туризам во Македонија, земјата каде што се пресекуваат Балканските патишта. Транзитноста треба да биде употребена во корист на заедниците каде што поминува и да биде еден од основните сегменти на развој на дел од општините во државата.

Овозможувањето на услови за различните видови на туризам коишто се наведени во овој труд може да биде извршено и преку разумно менаџирање на постоечките ресурси, за почеток дури и без многу финансиски средства, користејќи ги сегашните услови и состојби во Овчеполието. Разновидноста на туристички локации, дури и атракции, сместени во котлината, ја прави Општина Свети Николе како центар на Овчеполската Котлина идна дестинација за туристите со висока свест за културното наследство и природните ресурси. Подигањето на свеста за значењето на овој регион, како и организирањето на стручни тимови за работа на научни истражувања, маркетинг-стратегии и менаџмент-планови и прогнози за иднина, се неопходни во било каков иден стратегиски план за раст и развој на општините во регионот.

И покрај тоа што не се наведени во официјалните туристички водичи, ниту вклучени во некакви организирани тури, некои места во Општината со години, па и векови, привлекуваат посетители од многу различни земји. Култните камења, води, дрвја и свети места се причина за традиција на посетеност која со сигурност трае со векови, а држи корени од дамнешни милениуми, за што сведочат и најновите палеолитски станици, пронајдени од археолозите во средиштето на котлината. Условите за параглајдерство, велосипедизам, посета на геоморфолошки реткости, потенцијални хидрографски дестинации, културен и екотуризам се со голем потенцијал за развој во иднина. Општината Свети Николе која отсекогаш административно и природно е дел од Брегалничкиот регион, сега е дел од Повардарскиот регион, па затоа идното управување со статистичките податоци и туристичките ресурси, дополнето со реорганизирањето на општините и децентрализацијата на локалната самоуправа, може да биде посложено во техничка и практична смисла.

Во стратегијата за маркетинг на овој регион се забележани само две локации од блиската околина на Свети Николе – местото „Ѓаволски ѕид“, огромна камена структура која се наоѓа помеѓу ридот Богословец и реката Брегалница, и археолошкиот локалитет на Градиштето кај селото Кнежје, за кој археолозите тврдат дека е античкиот град Билазора.

Во општината не постои официјален сектор за туризам и промоција на културното наследство, ниту за истражување на природните ресурси, што не е пречка за заинтересираните посетители да доаѓаат за да видат локации кои ги нема во официјалните понуди на администрацијата, не се вклучени во турите и понудите на туристичките оператори и агенции, а сепак го привлекуваат интересот на многумина со години, ако не и векови. Тоа не би требало да биде пречка за во 2021 година да почне да се работи на подготовки за организирање на ресурси кои се потребни за идните години. Соработката со меѓународни институции и организации не треба да биде изоставена, и треба да се обрне повеќе внимание на привлекување на научници, истражувачи и туристички работници од целиот свет во нашата општина.

Повеќето од селските патишта кои водат до селата се во лоша состојба, која сепак не претставува пречка за развој на алтернативен туризам, затоа што во сегашната состојба отсликуваат рурална слика која се вклопува во целиот потенцијал на Општина Свети Николе. Иако во иднина можат и треба да бидат обновени, денешната состојба на истите е доволна за да се овозможи посета на некои од горенаведените локации. Изградбата на автопатот Штип – Миладиновци, кој поминува директно низ Овче Поле е совршена прилика за создавање на туристички центри и станици, преку кои минувачите ќе можат да се информираат за убавините на Општина Свети Николе и цело Овче Поле. Постоењето на само две возни линии на железницата и недостатокот на автобуска линија до Велес, можат да бидат надминати со организирани превози на потенцијалните туристи. Близината на главниот град Скопје и аеродромот, се дополнителна позитивна карактеристика на локацијата на Општина Свети Николе и нејзиниот туристички потенцијал. Она што е олеснителна околност, е физичката близина на повеќе различни локалитети, како и можноста за создавање на туристички патеки не само во низинскиот, туку и во ридестиот дел на котлината. Предели со потенцијал за „off-road“ возење, најчесто по необележани траси, велосипедизам, мото – тури, но и со можности за кампување воопшто не недостигаат во големото и пространо Овчеполие. Селските и попатните чешми најчесто се со задоволителен квалитет, а поискусните патувачи и сами знаат да ја проценат состојбата на водата, во зависност од поставеноста на чешмата и временските услови. Разнообразноста на ридестите предели ги прави локации за различен вид на туризам, затоа што не само теренот, туку и флората и фауната се разликуваат околку неколкуте големи врвови во нашиот крај. Воздушната бања Ѓуриште е дестинација до која од подножјето, во пределот каде што се дели патот од Свети Николе (Горобински пат) на два патишта – до селото Горобинци и накај Ѓуриште, до врвот во близина на манастирот „Света Богородица“ може да се изгради жичара, со којашто не само како атракција, туку и како олеснителна околност за највозрасните и најмладите би се зголемило движењето на луѓе во овие предели. Санирање на постоечките и наместо нивно детално реновирање – делумна доизградба на нови локални патишта кои ќе поврзуваат населби и места во Општината (со демографските промени се менува изгледот на теренот, односно бројот на населби), како и овозможување на автобуси за транспорт на локалните жители, но и на туристите се предизвик за иднината која доаѓа. Близината, но и достапноста на општините Кратово, Пробиштип, Куманово, Штип, Велес, ги прави Општините Свети Николе и Лозово централен дел од Македонија кој би можел да прерасне во вистински туристички резерват, што би допринел не само за подобрување на туристичката понуда и работната состојба во регионот, туку и за подем на целата економија во државата.

Името на градот Свети Николе, е топоним кој во својата сегашна форма се користи во официјалните документи од околу 1945 година. Свети Никола – името на старата населба околу којашто се наоѓа денешниот град, го прави Свети Николе единствен град со име на светец во Македонија.  Дури и да не се направи никаква промена, односно враќање на старото име на градот, топонимот сведочи за единственото име на светец на некоја градска населба во РМ, па и регионот. Тоа е одлична можност не само за вклучување во целосното брендирање на Овчеполието, туку и за идно збратимување на овој мал град во Македонија со Бари во Италија, каде што се чуваат моштите на Свети Никола Чудотворец. Прославувањето на празникот на Свети Никола на 19 декември во Македонија, и празникот на пренесување на моштите кој според календарот во Италија се одбележува на 9, а во Македонија на 22 мај, е уште еден предизвик за идна соработка и посети меѓу Свети Николе и Бари, но и враќање на традицијата на празнување на Летен Свети Никола во нашите краишта. На оваа тема, како додаток на постоечките одбележувања, можат да се додадат многу истражувања, книги, конференции, филмови, па дури и фестивали посветени на Свети Никола. Така би се покажала волја за зачувување на културната традиција, но и продолжување на нејзиното влијание врз општеството, развојот на туризмот би бил неизбежен, а со тоа и растот на целата економија.

Самото име на големата котлина – Овчеполие, Овче Поле, Овчеполска Котлина, потекнува од древното именување на „полето на овците“, коешто е резултат на реткиот вид на овци кои потекнуваат од овој регион – овчеполки. Вклучувањето на сите релевантни фактори поврзани со одржувањето на родот овчеполка и зголемувањето на стадата се неопходни за стратегијата за туристички развој на овој предел. Истражувањето на топонимијата, пишаните извори, духовното и материјално културно богатство претставуваат и идни ресурси за развој на туризмот.

Големиот број на цркви, археолошки локалитети, стари чешми и култни камења се туристички ресурси кои за да бидат разумно употребени во било каква стратегија, прво треба да се доистражат, проучат и заштитат. Скорешната потврда за постоењето на палеолитски станици на локалитетот Узун Мера кај Мустафино, постоењето на два од најстарите локалитети од неолитот на територијата на Македонија – Руг Баир кај Горобинци, Алин Дол кај Немањици и Барутница кај Амзабегово, се дополнителен ресурс кој треба да биде употребен од менаџментот на туризмот во Овче Поле. Археолошкиот локалитет „Билазора“ кај Кнежје, каде археолозите веруваат дека се наоѓал древниот антички град Бела Зора е значаен културен и туристички ресурс, каде со мали интервенции може да  се овозможат туристички посети, но и треба да се направат напори за заштита и конзервирање, дури и реставрирање. Импозантноста на архитектурата е предизвик за одново градење на дел од срушените столбови и градби, со што на само неколку километри од Свети Николе би се добила туристичка атракција со непроценлива вредност.  Одржувањето во живот на старите храмови и обновувањето на црквите коишто се вистински сведок на времето е предизвик кој чека со децении, а организирањето на детални археолошки истражувања сѐ уште само повремено и краткорочно, скоро и без никаква туристичка примена на постоечкото културно наследство.

Подигањето на општествената одговорност, подобро организирање на социјалниот живот, инвестициите во спортот и младите, еколошките акции, културните настани, и уште многу потребни случувања се неопходни во општеството за да се предизвика активно вклучување на локалното население во туристичката понуда. И во сегашната состојба и услови, сточарството и земјоделството можат да бидат вклучени во дел од туристичките услуги, дури и во целиот продукт кој би се формирал преку организација на туристичката дестинација Овче Поле. Засебниот природен и културен регион Овче Поле – Овчеполие, ја опфаќа пространата Овчеполска Котлина, која има доволно културен капацитет и туристички потенцијал за да биде определена како посебен регион на кој му е потребно внимание не само за да се зачува културата и традицијата, туку и да се одржи економијата, а со тоа да се покаже практичен пример и на останатите региони во Македонија. Општина Свети Николе треба да биде центар на работата и на потенцијалниот иден развој и раст.

Поради малиот сместувачки капацитет и непостоењето на туристички центар, ниту пак обучени стручни туристички водичи, како и реалната состојба на туристичките атракции и нивната непосредна околина, доколку се овозможат услови за нивно адаптирање за посети, соработката со сместувачките капацитети, туристичките водачи и агенции од соседните региони во Македонија и странство би била неизбежна. Поради географската поставеност и многуте потенцијални транзитни туристи и посетители, адаптирањето на туристичката понуда треба да биде во сооднос со неискористените побарувања на пазарот, особено од искусните туристи кои се умешни во снаоѓање, лоцирање на атракциите и во користењето на новите технологии. Затоа, на барем три точки во Општина Свети Николе (железничката станица Овче Поле, Ѓуриште и Манговица треба да се направат туристички станици и (или) авто – кампови. Туристичка станица во Овче Поле би била локација со овозможени услови за паркинг, кампување, тоалет, мапа, бесплатна интернет зона, бесплатен телефон за комуникација со центарот за управување со туристичката дестинација, опрема за прва помош, простор за одмор и сл. Многуте напуштени објекти и куќи во селата претставуваат неупотребен туристички ресурс, а создавањето на уникатна и засега единствена по новитетите туристичка дестинација Овче Поле е предизвик за секој менаџер со визија за иднината. Разумното употребување на природните ресурси и културното наследство ќе биде само во полза на развојот на туризмот во Општина Свети Николе

Појдовни точки за управување со туристичкиот потенцијал на Општина Свети Николе

Информациите се најсилниот ресурс на 21 век. За да започнеме со организација на туристичкиот потенцијал, најпрвин треба да се соберат потребните информации за научна анализа, планирање, прогнозирање, оформување на стратегија, менаџмент и маркетинг на туризмот. Заради тоа што во општината нема архива со архивски документи и податоци, идната организација за управување со дестинацијата задолжително треба да оформи библиотека и архива, со цел полесно управување со потребните информации. Дигитализирањето и чувањето на резервни хард-дискови скоро и да не треба да се споменува во 21 век, затоа што веќе станува задолжително.

За почеток, неопходно е:

  • Групирање на постојните ресурси според нивните карактеристики, состојба, положба и старост;
  • Определување на пешачки патеки и туристички рути со различна содржина;
  • Собирање, архивирање и дигитализирање на книги, научни трудови, статистички и архивски документи, сведоштва, фотографии, видео и аудиозаписи, карти, мапи и други потребни податоци;
  • Мотивирање на постоечките капацитети и домаќинствата за вклучување во туризмот во регионот;
  • Обезбедување на информации за поволности за земјоделци и сточари кои имаат интерес за вклучување во туризмот, преку овозможување на организирани посети на нивните имоти.
  • Проучување на достапни начини и средство за конзервирање и итно зачувување на старите религиозни храмови кои се распаѓаат;
  • Обезбедување на средства за научни истражувања во полза на развој на туризмот;
  • Создавање на организација / биро / центар / канцеларија за управување со туристичкиот потенцијал и маркетинг на туризмот во Општина Свети Николе.

Додека се работи на горенаведеното, постојниот туристички потенцијал, дел од кој е детално разработен во овој труд, постојните традиции – како собирите на Говедар камен, кои можат да се заштитат дури и како светско културно наследство, но и останатите празници и нивните одбележувања, особено деновите посветени на Свети Никола, заедно со постоечките туристички атракции во нивната сегашна состојба, треба да бидат активирани како туристички потенцијал за домашните и странските посетители и туристи. Организирањето на туристичкиот продукт и неговата понуда треба да биде во сооднос не само со најновите спознанија од научните дисциплини менаџмент и маркетинг, туку и ефикасно да ги вклучува модерните технологии и дигиталниот свет, со што би се поврзала автохтоноста на Овчеполието како засебен бренд со новите информатички можности, кое би предизвикало ефикасно поврзување на понудата на дестинацијата со побарувачката на регионалниот туристички пазар.

Препораки

  • Активности за зачувување на животната средина, акции за собирање на дивите ѓубришта
  • Означување на пешачки патеки во Ѓуриште, Богословец, околу браната Мавровица и на други локации
  • Дигитализирање на податоците и создавање на дигитална туристичка мапа, дополнета со интернет страница и апликација за паметни уреди
  • “Street view” снимање на градот и атрактивните локации во Општината
  • Панорами од 360* на неколку важни локации кои ги привлекуваат посетителите
  • Анимирање на локалното население и пронаоѓање начини за ставање во употреба на традицијата и културното наследство
  • Основање на туристичко информативно биро кое би раководело со туристичкиот потенцијал
  • Општинска интернет страница со детални податоци за туристичките атракции, историските знаменитости, природните убавини, минатото и сегашноста на Општина Свети Николе
  • Отварање на продавница за сувенири во градот и интернет продавница за меѓународна продажба
  • Привлекување на странски и домашни инвеститори за изградба на нови сместувачки капацитети
  • Поттикнување на локалното население за категоризација на домови во кои можат да бидат издавани соби за посетители
  • Овозможување услови за сезонска и редовна работа на млади луѓе кои имаат соодветно образование за туризмот, интернет трговија, менаџмент и маркетинг
  • Истражување за обезбедување на средства за конзервација и реставрација на постоечки археолошки локалитети
  • Поддршка на самостојни издавачи, истражувачи и продуценти, изработка на печатена туристичка мапа, туристички водич и документарна серија за туристичкиот потенцијал – на македонски јазик и превод на најчесто користените светски јазици

Условите за пешачки патеки, велосипедизам, екотуризам и многуте други можности за полезни и пријатни активности, како и за посети на атрактивни туристички ресурси се неограничени, а големото Овчеполие со својата културна и природна одделеност како целина треба да биде вклучено во секоја поголема стратегија за иднината.

Во последните 11 години, со постојано публикување на информации, податоци, факти, извадоци од книги, весници, книги во дигитална верзија, фотографии, видеа, и написи за културното наследство и природните ресурси на Овчеполската Котлина, успеав да овозможам при интернет пребарување на термините „овче поле“, „овчеполие“, „овчеполска котлина“, „свети николе“, веќе да се појавуваат и линкови со содржини кои се објавени со цел на проширување на достапноста на информациите за природните ресурси и културното наследство. Различните блогови, интернет-страници, но и медиуми каде што се преземени дел од написите или се вклучени изјави за различни места, го прават информирањето за Општина Свети Николе и Овчеполскиот регион полесно на секој кој располага со можности за пребарување на интернет. Општина Свети Николе има потреба од одделен маркетинг-план и стратегија за идна работа на претставувањето и прикажувањето на културното наследство и природните ресурси. Користењето на модерните технологии, но и развојот на науката се неопходни за работа на поставување на основите на развојот на туризмот.

Името на градот Свети Николе, е топоним кој во својата сегашна форма се користи во официјалните документи од околу 1945 година. Свети Никола – името на старата населба околу којашто се наоѓа денешниот град, го прави Свети Николе единствен град со име на светец во Македонија.  Дури и да не се направи никаква промена, односно враќање на старото име на градот, топонимот сведочи за единственото име на светец на некоја градска населба во РМ, па и регионот. Тоа е одлична можност не само за вклучување во целосното брендирање на Овчеполието, туку и за идно збратимување на овој мал град во Македонија со Бари во Италија, каде што се чуваат моштите на Свети Никола Чудотворец. Прославувањето на празникот на Свети Никола на 19 декември во Македонија, и празникот на пренесување на моштите кој според календарот во Италија се одбележува на 9, а во Македонија на 22 мај, е уште еден предизвик за идна соработка и посети меѓу Свети Николе и Бари, но и враќање на традицијата на празнување на Летен Свети Никола во нашите краишта. На оваа тема, како додаток на постоечките одбележувања, можат да се додадат многу истражувања, книги, конференции, филмови, па дури и фестивали посветени на Свети Никола. Така би се покажала волја за зачувување на културната традиција, но и продолжување на нејзиното влијание врз општеството, развојот на туризмот би бил неизбежен, а со тоа и растот на целата економија.

Самото име на големата котлина – Овчеполие, Овче Поле, Овчеполска Котлина, потекнува од древното именување на „полето на овците“, коешто е резултат на реткиот вид на овци кои потекнуваат од овој регион – овчеполки. Вклучувањето на сите релевантни фактори поврзани со одржувањето на родот овчеполка и зголемувањето на стадата се неопходни за стратегијата за туристички развој на овој предел. Истражувањето на топонимијата, пишаните извори, духовното и материјално културно богатство претставуваат и идни ресурси за развој на туризмот.

Големиот број на цркви, археолошки локалитети, стари чешми и култни камења се туристички ресурси кои за да бидат разумно употребени во било каква стратегија, прво треба да се доистражат, проучат и заштитат. Скорешната потврда за постоењето на палеолитски станици на локалитетот Узун Мера кај Мустафино, постоењето на два од најстарите локалитети од неолитот на територијата на Македонија – Руг Баир кај Горобинци, Алин Дол кај Немањици и Барутница кај Амзабегово, се дополнителен ресурс кој треба да биде употребен од менаџментот на туризмот во Овче Поле. Археолошкиот локалитет „Билазора“ кај Кнежје, каде археолозите веруваат дека се наоѓал древниот антички град Бела Зора е значаен културен и туристички ресурс, каде со мали интервенции може да  се овозможат туристички посети, но и треба да се направат напори за заштита и конзервирање, дури и реставрирање. Импозантноста на архитектурата е предизвик за одново градење на дел од срушените столбови и градби, со што на само неколку километри од Свети Николе би се добила туристичка атракција со непроценлива вредност.  Одржувањето во живот на старите храмови и обновувањето на црквите коишто се вистински сведок на времето е предизвик кој чека со децении, а организирањето на детални археолошки истражувања сѐ уште само повремено и краткорочно, скоро и без никаква туристичка примена на постоечкото културно наследство.

Подигањето на општествената одговорност, подобро организирање на социјалниот живот, инвестициите во спортот и младите, еколошките акции, културните настани, и уште многу потребни случувања се неопходни во општеството за да се предизвика активно вклучување на локалното население во туристичката понуда. И во сегашната состојба и услови, сточарството и земјоделството можат да бидат вклучени во дел од туристичките услуги, дури и во целиот продукт кој би се формирал преку организација на туристичката дестинација Овче Поле. Засебниот природен и културен регион Овче Поле – Овчеполие, ја опфаќа пространата Овчеполска Котлина, која има доволно културен капацитет и туристички потенцијал за да биде определена како посебен регион на кој му е потребно внимание не само за да се зачува културата и традицијата, туку и да се одржи економијата, а со тоа да се покаже практичен пример и на останатите региони во Македонија. Општина Свети Николе треба да биде центар на работата и на потенцијалниот иден развој и раст.

Поради малиот сместувачки капацитет и непостоењето на туристички центар, ниту пак обучени стручни туристички водичи, како и реалната состојба на туристичките атракции и нивната непосредна околина, доколку се овозможат услови за нивно адаптирање за посети, соработката со сместувачките капацитети, туристичките водачи и агенции од соседните региони во Македонија и странство би била неизбежна. Поради географската поставеност и многуте потенцијални транзитни туристи и посетители, адаптирањето на туристичката понуда треба да биде во сооднос со неискористените побарувања на пазарот, особено од искусните туристи кои се умешни во снаоѓање, лоцирање на атракциите и во користењето на новите технологии. Затоа, на барем три точки во Општина Свети Николе (железничката станица Овче Поле, Ѓуриште и Манговица треба да се направат туристички станици и (или) авто – кампови. Туристичка станица во Овче Поле би била локација со овозможени услови за паркинг, кампување, тоалет, мапа, бесплатна интернет зона, бесплатен телефон за комуникација со центарот за управување со туристичката дестинација, опрема за прва помош, простор за одмор и сл. Многуте напуштени објекти и куќи во селата претставуваат неупотребен туристички ресурс, а создавањето на уникатна и засега единствена по новитетите туристичка дестинација Овче Поле е предизвик за секој менаџер со визија за иднината. Разумното употребување на природните ресурси и културното наследство ќе биде само во полза на развојот на туризмот во Општина Свети Николе.

Маркетиншките стратегии кои можат да се применат за промоција, претставување, прикажување, соопштување, проширување на информациите за овој древен регион, можат да бидат конзервативни – со употреба на основните правила и принципи за маркетинг, до современи – стратегии во кои традиционалното и модерното се вешто преплетени преку технологијата и дигиталниот свет и на долгорочен план достигаат степени по кои развојот е неизбежен. Разбирањето на пазарот како жив организам, но и вреднувањето на улогата на потрошувачот и поимањето на клиентите не само како пари, туку како целосно живи суштества кои можат да размислуваат и чувствуваат, заедно со вклучувањето на животната средина и локалните заедници во маркетинг-кампањите во туризмот, се услови за привлекување на искусни туристи, но и за големо придвижување на транзитните посети. Домашниот пазар има недостиг од автентична еколошка, органска, етнолошка понуда, но и од подигање на свеста за мистичните локации со непроценлива културна вредност. Создавањето на еко и етно село со неговите придружни елементи е предизвик и за промени во туристичката понуда на домашниот пазар, а маркетингот на новиот век е алатка која може да ги постави и домашните туристи како водечки елемент во туристичката понуда. Географската поставеност на регионот го прават идна дестинација и за туристите од соседните земји, но и за тие од најдалечните земји, затоа што постои и голем потенцијал за транзитен туризам. Ситуацијата во целиот свет, предизвикана од веќе едногодишната светска пандемија, изврши големо влијание и врз туристичкиот сектор, па така побарувачката од домашните туристи за локации во државата кои би можеле да се посетат станува се поголема, а расте и интересот на туристичките агенции кои сакаат да ја вклучат Општина Свети Николе во својата понуда.

Работата на истражување, заштита, промоција, туристичка употреба и практична примена на културното наследство е сложен процес кој бара вештини, умешности, но и човечки ресурси кои можат да работат според условите кои ги нуди 21 век. Собирањето на документи, информации, податоци, дигитализирањето на значајни записи и книги, како и работата на организирање на туристичката понуда бараат мултидисциплинарен пристап, па затоа во овој труд се наведени информации од повеќе различни науки кои одат во прилог на управувањето и маркетингот со туристичкиот потенцијал во Општина Свети Николе. Организирањето на постоечките ресурси и поврзувањето на локалната заедница со економските процеси се предизвик со кој новиот век треба да се соочи, доколку сака да достигне развој на општество според основните човечки правила, норми и вредности. Економската одржливост, енергетската независност, екологијата и органската исхрана можат да бидат достигнати преку разумно употребување на културното наследство и природните ресурси. Туризмот е гранката која ги спојува сите дејности на микро ниво со околината на макро ниво, а туристичкиот пазар е просторот каде што се преплетуваат странските и домашните потрошувачи со непроценливата вредност на традицијата и културните знаменитости. Маркетингот и менаџментот се механизмите преку кои не само што можат да се привлечат потенцијални клиенти, туку и да се организираат постоечките ресурси за идни инвестиции, економски развој и раст.

(текст според магистерската теза „Управување и маркетинг на туристичкиот потенцијал во Овчеполската Котлина“ од 2017; преработен и дополнет во мај 2021)

читајте:

Водич за (аван)туристи во Овче Поле: Општина Свети Николе (прв дел)