Categories
НР

Ансамбл „Македонија“ & Продукција „Аристон“ – „Овчеполско оро“ @ Порта „Македонија“

Во четврток, на 17 јуни 2021, во Порта „Македонија“ ќе се одржи промоција на краткиот документарен филм „Овчеполско оро“. Видео записот е снимен со цел да се зачува споменот за народните ора и народните носии од Овчеполскиот регион.

Претставувањето и прикажувањето на соработката на Ансамбл „Македонија“ и Продукција „Аристон“ ќе започне од 18:00ч во Порта „Македонија“ во Скопје.

На настанот ќе говорат проф. д-р Владимир Јаневски и м-р Никола Ристевски.

Поради работа со намален капацитет, настанот се одржува според официјалните протоколи, а бројот на присутни е ограничен.

#АнсамблМакедонија
#ПродукцијаАристон
#ПортаМакедонија
#ОвчеполскоОро